Достапни линкови

Сојузничките сили го освоиле аеродромот „Садам“ кај Багдад


Американските сили изутрината, по интензивни воздушни напади и копнени битки, ја презеле контролата врз меѓународниот аеродром ,,Садам,, во непосредна близина на Багдад. Полковник Џон Пибоди од Третата пешадиска дивизија за Ројтерс изјави дека аеродромот кој се наоѓа на дваесет километри југозападно од центарот на Багдад, е во нивни раце, но оти станува збор за големо подрачје со многу згради кои мора да бидат исчистени. Според американски воени извори, во битката за аеродромот биле убиени 320 ирачки војници. Овој податок не може да биде потврден од независни извори. Багдад и денеска повторно беше потресуван од експлозии, а сојузниците соопштија дека било стрелано врз Штабот на ирачкото воено воздухопловство. Во минатата ноќ, Багдад за прв пат од почетокот на војната, остана без струја. Американските сили демантираа дека тие ја гаѓале електричната мрежа во градот.

„Тие се многу блиску до Багдад. Тие преземаа неколку приградски подрачја и се поблиску до центарот на ирачкиот главен град отклоку што многу Американци се до своите канцеларии.“

Вака американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вчера го опиша напредување на сојузничките сили кон Багдад. Од друга страна, ирачкиот министерза информации Мохамед Саид Ал Сахаф изјави дека тоа не е вистина и оти ирачките сили ги држат во заседа сојузничките трупи кај Басра, Насирија и Наџаф во централниот дел на земјата.

„Затоа целосна илузија е она што ти го неракуваат голем пробив.“

изјави ал Сахаф. Шефот на ирачката дипломатија Наџи Сабри за Би-Би-Си рече дека претседателот Садам Хусеин е жив но одби да каже дали лично се видел со него. Во меѓувреме, американскиот претседател Џорџ Буш вети дека Садам Хусеин ќе биде симнат од власт и оти ирачните сами ќе формираат нивна влада.

„Ирачкиот народ заслужи да живее во мир и под водство на лидери кои ќе ги изберат сами. Нашата коалиција има една цел за иднината на Ирак – да му ја врати на нејзиниот народ.“

Пост воен Ирак исто така е во мислите и на министрите на Европската Унија и на НАТО кои за тоа во Брисел разговораа со американскиот државен секретар Колин Пауел. Тој им порача дека Соединетите Држави и Британија би требало да ја имаат водечката улога во реконструкцијата на Ирак.
XS
SM
MD
LG