Достапни линкови

Одлични политички и потенцијално добри економски односи со Словенија


Нашата земја има одлични политички и потенцијално добри економиски односи со Словенија, изјави Радмила Шеќеринска потпретседател на Владата. Таа посочува дека Македонија има два клучни проблеми со оваа земја, тоа е трговскиот дефицит и визниот режим, но притоа мора да имаме во предвид дека Словенија од 2004 практично ке влезе во Шенген системот

„Начинот на споведување на нашите спогодби, односно договори за слободна трговија коишто сметаме дека не докрај и во целост се почитуваат, мораме да имаме предвид дека од следната година Словенија станува членка на Унијата така што во тој момент практично нашите трговски односи ќе бидат регулирани со времената спогодба за трговија со Унијата, Што ќе значи мало поместување за коешто треба да се подготвиме. И се разбира, визниот режим што исто така мора да го гледаме низ призмата на членството на Словенија во Унијата од 2004 година, кога практично Словенија всушност ќе влезе во Шенген системот“.

Во меѓувреме, вели Шеќеринска, очекуваме од словенечка страна олеснувања во контекст на визниот режим

„Меѓутоа, тоа е само за овој транзиционен период, додека од наредната година, со влегувањето на Словенија во Шенген-системот проблемот со визи за граѓаните на Република Македонија ќе се сведе на проблем за добивање на Шенген визи“.

На патот кон евроинтеграциите Македонија ги користи искуствата на Словенија во оваа област

„Словенија е една од најуспешните приказни за пристапување кон Унијата во целиот овој процес на проширување на Унијата, и не е случаен фактот што Македонија и досега и отсега ќе сака да искористи од словенечкото искуство и словенечкото знаење во процесот на приближување кон Европската унија. Словенија на некој начин е природен партнер. Од една страна поради тоа што процесот го заврши извонредно успешно, а од друга страна поради тоа што сепак тргнувавме од една слична позиција во правниот систем и најлесно е од тука да ги влечеме акциите“.
XS
SM
MD
LG