Достапни линкови

Покачување на ДДВ, 40 милиони евра повеќе во буџетот на грбот на граѓаните


Од денеска комунална хигиена ќе ги покачи цените на своите услуги за 13%, јавното сообраќајно претпријатие ќе реагира со приближно ист процент, истиот чекор ќе го повлечат и производителите и трговците на лекови како и козметика. Цените на електричната енергија и водата за пиење што ќе бидат користени од индустриските капацитети исто така ќе се покачат за 13%. Топлификација поместувањето на цените нагоре веќе ги пресмета во мартовските сметки. Одредени компании веќе ги поскапеа и пекарските производи.

„Мислам дека ова е уште еден удар врз сиромаштијата во Македонија, којашто и онака зазема силен замав“

„Економски штом слабее државата не чини, друг излез немoќ“

„Лебот поскапе, се поскапе, ќе нема пари од каде да се плаќа ова“

„Тешко ќе биде. Ние со мали пензии вака не можеме“

„Динар таму, динар ваму, отиде!“


Апелот на министерот за финансии до комапните да ги рационлаизираат трошоците, за да недојде до зголемување на цените на производите и услугите во јавното сообраќајно претпријатие неможе да најде практична примена, вели финансискиот директор Ѓурѓа Златевска.

„Барањето ова зголемување на цената да биде помало за ЈСП не важи, бидејќи ЈСП и досега работи со минимални трошоци, така што секое натамошно стегање на ременот во поглед на трошоците би го доведло во прашање извршувањето на функцијата на јавниот градски превоз“.

Покачување ќе има, но таа нема во голем процент да ги погоди граѓаните е коментарот на првиот човек на „Комунална хигиена“ Илија Костов

„Сегашната сметка со вкупно ддв од пет отсто изнесува 333 денари, а со сегашното зголемување од 13 отсто новата сметка за домаќинствата ќе изнесува 371 денар“.

Според пресметките намалувањето на ДДВ стапките од 19 на 18% ќе ги растовари даночните обврзници во апсолутен износ за 16.2 милиони евра, но пак затоа префрлањето на дел од производите и услугите од 5 на 18% за сите овие обврзници ќе значи одлевање од нивните џебови на дополнителни 53 милиони евра. Сума сумарум во буџетската каса на име додадена вредност ќе се слеат 40 милиони евра што како товар ќе паднат врз грбот на граѓаните.
XS
SM
MD
LG