Достапни линкови

Мисијата успешна ако прва за ЕУ, а последна за Македонија


Несомнено европската мисија ќе придонесе кон решавањето на проблемот со името,

„сигурен сум дека до самиот во Солун догворот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Европската Унија ќе биде ратификуван од парламентите на сите земји членки,“

рече по церемонијата на која е означн стартот на европската Конкордија видно расположен високиот европски представник Хавиер Солана, човекот што беше главне промотор на идејата заедничката европска одбранбена стратегија да биде промовирана токму со мисијата во Македонија. На церемонијата на лансирањето на мисијата на која покрај претседателот Трајковски присуствуваше речиси комплетниот владин кабинет, на чело со премиерот, говореше и генералниот секратетар на Алијансата Џорџ Робертсон. Иако во неговиот како и во обраќањето на Солана и генералниот секратар на грчкото министерство за надворешни работи Димитриос Волос фигурираше формулацијата вашата или оваа земја Робетсон по фомралното излагање рече:

„Многу пати дојдовме во Македонија го изговарававме името Македонија и она за што говориме е партнерството и соработката меѓу НАТО, Европската Унија и вашата земја,“

рече Роберствон додаваќи дека не очекува никакви проблеми во спроведувањето на новата европска мисија откако и официјално последното воено НАТО присуство го прогласи за завршено. Македонската порака до првите луѓе на НАТО и на Унијата за доаѓањето на шест месечната европска мисија беше:

„Нашата амбиција е полноправно членство во унијата и на оваа мисија гледам како чекор напред во таа насока. Што поприсутна е ЕУ во Македонија, толку поприсутна ќе биде Македонија во Европа,“

рече претседателот Трајковски. Премиерот пак со поента: наш заеднички интерес е оваа мисија да биде успешна

„Оваа мисија ќе биде целосно успешна ако биде само прва за унијата, а последна за Македонија. Ако на нејзиниот крај заеднички соопштиме дека Македонија дефинитивно ја преброди кризата и нема потреба од натамошно присуство на меѓународни воени сили.“
XS
SM
MD
LG