Достапни линкови

Почнува првата мисија на евро-силите како мировници


Основната задача на европската мисија е да обезбеди видливо присуство, особено во областите каде што постои опасност од можен конфликт, со цел да ја зајакне стабилноста и да ја врати довербата. Истовремено, мисијата ќе има задача да ги обезбедува меѓународните набљудувачи.

За учество во мисијата постоел голем интерес, или како што рече новиот командант генерал Марал она што ја разликува оваа мисија од сите други е исклучителниот ентузијазам меѓу земјите членки и земјите кандидати што сакаат да учествуваат во неа.

„Поради тиа јас во мојот штаб имам претставници од 27 држави, некои од нив се претставени само симоблично со по еден офицер,“

рече Марал.

Станува збор за мала мировна операција која брои околу 345 војници. Водечката нација Франција има нешто помалку од 100 мировници. Инфраструктурата и вооружувањето, практично останува исто бидејќи земјите кои учествуваа во мисијата на НАТО, сега остануваат под знамето на „Конкордија“. Со таа разлика што европската мисија е засилена и со хеликоптерска поддршка што НАТО до сега ја немаше, а ја обезбедувашр од КФОР. Станува збор за три белгиски и еден грчки хеликоптер. Во случај на потреба или итна ситуација, генералот на „Конкордија“ може да побара помош од силите на НАТО или од Европската Унија. Согласно договорот „Берлин Плус“ европските сили ќе ги користат комуникациските системи на НАТО. Проценките се дека мисијата ќе чини нешто повеќе од шест милиони евра што ЕУ ги озбедбедува од фондот за заеднички трошоци. Мандатот на мисијата останува ист како оној на „Сојузничката хармонија“, а предвидено е да трае шест месеци. Се очекува некаде на крајот на мисијата да биде извршена ревизија, која во согласност со македонските власти треба да резултира со одлука за нејзино завршување или продолжување. Според проценките на специјалниот пратеник на ЕУ во Македонија Алексис Брунс:

„Ако трендот на стабилизацијата на безбедносен и политички план продолжи со ова темпо очекувам дека до крајот на 2000-та нема да има потреба за меѓународно воено присуство во земјава.“
XS
SM
MD
LG