Достапни линкови

Жилав отпор на ирачаните, сојузниците подготвени за најтешките борби што доаѓаат


Како што јавуваат агенциите, во повеќе бранови биле бомбардирани центарот и предградијата на Багдад, но и градовите Мосул и Басра.

„Ние активно сме инволвирани во овој момент во борбите со парамилитарните сили југоисточно од Басра.“

потврди портпаролот на британските сили Ал Локвуд. Кај Басра, според ирачкиот министер за информации Мохамед ал Сахаф, биле урнати два американски хеликоптера.

„Вчера борци на ирачките племиња урнаа Апачи хеликоптери и ги убија пилотите“

рече Ал Сахаф. Пентагон вели дека нема извештаи за уривање хеликоптери. Началникот на Здружениот штаб на американската војска генерал Ричард Мајерс денеска за Би-Би-Си изјави дека ирачаните пружаат жилав отпор, но оти тоа досега немало поголемо влијание врз воената стратегија на сојузниците.

„Секогаш велам дека најтешкиот дел доаѓа допрва, Најтешките борби се пред нас.“

изјави генерал Мајерс, додавајќи дека американските и британските сили можат да се прилагодат за да се надмине опасноста од ирачки самоубиствени напади. Вчера, ирачкиот потпретседател Таха Јасин Рамадан најави уште многу самоубиствени напади. Во меѓувреме, американската централна команда ги демантира наводите дека, поради ирачкиот отпор, воените операции на сојузниците биле прекинати.

„Овие копнени сили остварија извонреден напредок за многу кратко време. Но, ние не ги потценуваме претстојните предизвици. Би можело да биде многу, многу тешко.“

рече портпаролот на Пентагон Викторија Кларк. Денеска и австралискиот министер за одбрана Роберт Хил изјави дека војната ќе биде тешка, но оти нема да трае долго време.

„Американските копнени сили, употребувајќи тешко, оружје се пробиваат низ селата надвор од Багдад кои им служат како штитови на републиканската гарда.“

рече Хил наведувајќи дека американските воени лидери ја потцениле улогата на ирачката милиција по градовите.
XS
SM
MD
LG