Со укинувањето на воениот данок чија издашност изнесуваше 6.4 милијарди денари Фирмите во 2003 година ќе бидат порелаксирани во однос на фискалните давачки, а товарот за поленење на државната каса ќе падне врз граѓаните.
„Дојде до зголемување на пониската даночна стапка од 5 на 18 отсто што како решение не е многу поволно бидејќи станува збор за еден индиректен данок којшто е социјално регресивен и тој даночен товар најмногу ќе ги погоди најсиромашните слоеви на населението,“
е коментарот на професорот на економскиот факултет Таки Фити. Дваесет насто од средствата во буџетот за 2003 година ќе бидат одвоени за покривање на социјалните потреби. Овие средства ќе обезбедат социјален мир, но тоа ќе оди на штета на економскиот развој
„Тоа дава шанса да нема социјални тензии. Меѓутоа, негатицната страна на тоа е што еден значаен дел од буџетските средства одат токму за социјала што ја кочи развојната компонента“
Предвидената стапка на развој од три насто возможно е да биде остварена, но проблемот е што постојат и неекономски фактори кој влијаат врз македонската економија.
„Да речеме, што ќе се случи со цената на нафтата. Ако кризата трае подолго од три месеци, тоа може да предизвика нафтена криза, што значи зголемување на цената на нафтата кое ќе ги намали профитите на претпријатијата и ќе ја намали можноста за нивно инвестирање“
Стегањето на буџетската рамка со намалувањето на прходната и расходната страна од буџетот за пет односно девет насто, во однос на ланскиот укажува на најава за водење на порестриктивна еконоска политика. Сведувањето на дефицитот од 3.1 на 1.6 насто и покрај одредени критиките е исправно решение тврди професорот Таки Фити.
„Сеедно што не сме презадолжена земја, и овој долг што го имаме е прилично голем за македонската економија којашто е кревка“
Вкупниот буџет за 2003 година заедно со сопствените приходи изнесува една милијарда и 94 милиони евра што е за 93 милиони помалку во однос на претходната година.