Достапни линкови

Човек почитуван од Пентагон и своите трупи


Томи Френкс, генералот што ја предводи коалицијата во операциите за разоружување на режимот на Садам Хусеин, можеби по завршувањето на војната ќе биде шеф на воените окупациски сили. Франкс е војник ода кариера, почитуван во Пентагон но и од своите трупи.

Toми Франкс е задолжен за американските безбедносни интереси во регионот од северо-источна Африка преку Блискиот Исток и внатре во Централна Азија вклучувајки го Авганистан. Станува збор за човек сосема различен од типот на генералот Норман Шфарцкоф, последниот кој водеше борба со Садамовите сили. Шварцкоф син на познат офицер, дипломира на преситижната Академија Вест Поинт и умееше со медиумите. Томи Френкс има скромно потекло, дипломира на Универзитеот во Тексас, изгледа срамежлив и со сув речник. Генералот кој нема ништо против како го опишуваат како војник со валкани чизми е офицер кој покомотно се чувствува кога е во друштво со офицери од понизок ранг. Тој за себе вели дека не е човек со големо образование. Во обраќањето до американските трупи во Катар во декември минатата година генерал Френкс рече.

„Сега, повеќето луѓе што ги познавам, вклучувајки ја и мојата жена, сметаат дека имам проклета среќа што сум таму каде што сум. Го сретнав мој директор од училиштето пред некое време и тој ме погледна и ми вели - ,, Јас сум проклето изненаден,,. Јас му одговорив - ,,Па ова е голема земја,,. “

Овие ставови на генерал Франкс придонесоа, според Патрик Башам од Като институтот во Вашингтон, да биде многу добро прифатен од трупите, од Централната команда. Како и да е, вели Башам, цивилите кои му се надредени, вклучувајки го и државниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд најдоа дека е тој малку повеќе внимателен од колку што тие би сакале да биде. Франкс успешно се избори за повеќе време за подготовки за неговите сили за ирачката војна. Сега генерал Томи Франкс, кој инаку се има борено во Виетнам како артилериски поручник и кој набрзина ги симна талибанците од власт во Авганистан се соошува со предизвикот да биде можеби идниот лидер на воените сили во Ирак по завршувањето на борбите. Меѓутоа, според Патрик Башам експерт за воени прашања од Като институтот, како што почна воената кампања генерал Томи Франкс стана речиси невидлив за медиумите. Тоа може да има штета за него како јавна личност, а Франкс очигледно не се грижи за личниот престиж, вели Башам.

„Работата за која ја се прашувам е колку често Франкс ке се појавува пред јавноста. Јас мислам дека кога ке се појави ке се прикаже како некој што ја познава материјата. Но како ќе се однесува кога работите ке станат малку непријатни. Затоа мислам дека почесто ќе го гледате Рамсфелд на брифинзите.“

Башам всушност се сомнева дека генералот Томи Франкс кој ги предводи операциите во Ирак има повеќе амбиции од сегашната позиција.
XS
SM
MD
LG