Достапни линкови

Потпишан договор за почнување процедура за легализација


Лидерот на ДУИ Али Ахмети потиша договор со преставниците на Тетовскиот Универзитет за започнување процедура за легализација на оваа пара институција. Фомирана е седум члена комисија во која покрај вршителот на должноста ректор на малоречанскиот универзитет Неџмеди Беадини учествуваат и двајца експерти Едмонд Беќири од Косово и познатиот аналист со македонски пасош кој живее и делува во Косово Блерим Река. Се уште не се познати двајцата меѓународни посредници кои ќе бидат дел од оваа комисија.

Активностите за легализацијата на Тетовскиот универзитет ќе се базираат врз основа на постоечкиот закон за високо образование кој треба да претрпи измени, стои во договорот попишан меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и вршителот на должноста ректор на Тетовскиот универзитет Неџмедин Беадини.
Во коалицискиот партнер на ДУИ, СДСМ велат нашата партија не е запонаена за договорот кој го потпишал Ахмети со престасвниците на малоречанскиот универзитет:

„Нашиот пристап во решавањето на тоа прашање ќе биде насочен во сферата на образованието, во сферата на акредитацијата и квалитетот на образованието и она што ние сакаме да направиме е конечно, по долг број години, овој тнр. проблем се оттргне од сферата на политиката. За тоа говори и успешното функционирање на Универзитетот на Југоисточна Европа или тнр, „Штулов универзитет“ кој што со одредена тенденција и врз база на неговата соодветна акредитација, во догледно време би можел да стане и дел од институционалниот систе на Република Македонија“.

ДУИ од државата бара да се обезбедат финансиски средства за одвивање на високото образование на албански јазик бидејки како што стои во овој договорот во едно од начелата на Рамковниот Договор се бара обезбедување државни средства за високото образование на албанците во Македонија. Проректорот на тетовскиот Универзитет Неџмедин Беадини вели:

„Бараме државата Република Македонија да го финансира овој универзитет како трет универзитет во Републиката“.

На ова портпаролот на СДСМ Игор Ивановски со одговор:

„Ставот за универзитетот во Мала Речица во СДСМ не е променет од неговото конституирање. Тој универзитет е надвор од системот на Република Македонија“.
XS
SM
MD
LG