Достапни линкови

Македонија ќе им даде логистичка поддршка на САД


Македонскиот одговор на американскиот нон пејпер денеска беше и официјално соопштен од премиерот Бранко Црвенковски:

„Ние како држава сме подготвени, доколку дојде до евентуална воена интервенција во Ирак, да ја отстапиме нашата логистика – тоа значи можностите за прелет преку Република Македонија, за евентуално користење на аеродромите во инцидентни ситуации, и, што е многу битно, за учество на Република Македонија во постконфликтниот период. И тоа и во воено-полициската компонента, но и во цивилната компонента во периодот кога ќе треба да се обнови Ирак по евентуалната воена интервенција, на сличен начин на каков што веќе учествуваме во повоениот период во Авганистан“.

Ваквиот став веќе ја доби поддршката на Вашингтон со што се покажа дека бевме во право што не избрзавме со одлуката:

„бидејќи, на крајот се покажа дека и без директно учество во воената интервенција, Република Македонија може да се смета како сојузник на САД“.

рече премиерот, реплицирајќи му на ставот на претседателот Трајковски кој во писменото соопштение по повод македонската поддршка на Вашингтон вели, „за волја на вистината морам да кажам дека таа поддршка не е направена со сета процедуранлан постапка како што тоа порано и појасно беше сторено од други држави во регионот. Тука исто така недостасува и договор за појасна безбедносна, економска и други видови поддршка на македонските национални интереси“.

„Тоа е нашиот пристап. И мислам дека тоа е добар пристап, во однос на интересите на Република Македонија како држава“.

рече Црвенковски. Како одговор на советникот на претседателот Трајковски Владо Поповски кој рече дека нешто чкрипи во односите меѓу претседателот и владата:

„од владата кон претседателот ништо не чкрипи.“
XS
SM
MD
LG