Достапни линкови

Владата ќе го разгледува договорот на коалиционите партнери


Постигнатото компромисно решение за пасошот меѓу коалициските партнери, кое преставуваше кочница за понатамошното имплементирање на Рамковниот Договор, денеска треба да го добие зеленото светло и од Владата.

А за новиот предлог закон за патните изправи според кој Македонскиот пасош ќе се издава со испечатена насловна страна на македонски и англиски јазик , а на поединечно барање на граѓаните и на албански јазик, пратениците ќе расправаат во текот на неделава.

Како на пратениците и јавноста ќе влијаат поделените ставови на челниците на ДУИ за неприфаќањето на дел од договорор, односно преземената обврска од лидерот Али Ахмети за почитување на територијалниот интегритет и суверинитет на државата , неменливост на границите , државното знаме и уставното име на РМ, Ѓунер Исмаил кој учествуваше во тимот на претседателот Трајковски за време на преговорите во врска со Охридскиот Договор вели

„Изјавите на некои луѓе од ДУИ не ме ни зачудуваат. Тоа е, сепак, прашање на вантрепартиските механизми околу тоа што раководството ќе се договори со своето членство или со членовите на раководството на партијата. Во таа смисла, тоа е проблем на ДУИ. Во крајна линија, ако нема капацитети во раководството на ДУИ внатре во партијата да постигнат поцврста одлука, тогаш, претпоставувам дека ќе побараат помош од надворешните медијатори, за да бидат поуверливи“.

вели Исмаил кој додава

„Во реализацијата на самиот тој проект, односно на овој договор или меѓудоговор во функција на Охридскиот договор, се разбира, можни се тешкотии, но мислам дека, сепак, од најголем интерес на сите учесници на таа маса, вклучувајќи го и граѓанството и странските гаранти, е сепак тие договори да се реализираат отколку да се опструираат“.

Инаку ставот на потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити за државното знаме е дека:

„Македонци треба да имаат сопсвено национално знаме , како што треба да имаат и албанците и сите останати заедници кои живеат во земјава, додека државното знаме да биде знаме што ќе ја отслика волјата на сите граѓани на РМ.“
XS
SM
MD
LG