Достапни линкови

Понеделник последна шанса за дипломатијата


Американскиот претседател Џорџ Буш по самитот на Азорските острови со премиерите на Британија и Шпанија Тони Блер и Хозе Мариа Азнар рече дека понеделник е момент на вистината за светот во врска со Ирак. Според неги, тоа е последниот ден кога може да се види дали дипломатијата може да работи. Тој уште еднаш побара од Ирак целосно и безусловно разоружување.

„Ирачкиот режим ќе се разоружа самиот, или ќе биде разоружан со сила,“

изјави американскиот претседател Буш на прес конференцијата по едночасовната средба со лидерите на Шпанија и Британија.

Тој додаде дека ирачкиот лидер е опасност за мирот на слободните нации и крвнички мачител на ирачките граѓани.

Британскиот премиер Тони Блер рече дека без ултиматум од меѓународната заедница за Ирак, повеќе разговори значат само одложување. Тој рече дека во случај на војна територјалниот интегритет на Ирак ќе биде зачуван, а природните богатства на земјата ќе бидат употребени за доброто на граѓаните на Ирак.

Неговиот шпански колега Хозе Мариа Азнар рече дека тие се подготвени да направат уште еден последен напор за мир. Ако Садам Хусеин сака да ја спречи војната, рече тој, тоа треба да го направи сега со тоа што ќе се разоружа.

Тројцата лидери го окарактеризираа нивниот состанок како последна шанса за дипломатија.
XS
SM
MD
LG