Раководството на ДУИ се подели во однос на компромиснитe решенија кои претставуваа спорни точки од Охридскиот Договор. Али Ахмети, Бранко Црвенковски и Ристо Пенов во четвртокот се договорија на насловната страна на пасошот да се употребува Албанскиот јазик доколку тоа биде побарано од граѓаните а за возврат Ахмети претседател на ДУИ се обврза и во иднина да го подржува територијалниот интегритет и суверинитет на државата, неменливост на границите, државното знаме и уставното име на Република Македонија.
Но потпретседателот на неговата партија Рафиз Алити поранешениот командант Месуеси не согласува со ваквиот договор
Јас и понатаму мислам дека ќе биде добро за самите Македонци да имаат сопсвено национално знаме, како што треба да имаат и Албанците и сите останати заедници кои живеат во земјава, додека државното знаме да биде знаме што ќе ја отслика волјата на сите граѓани на РМ , ова го велам бидејки сметам дека ова преставува помош за зајакнување на идентитетот на македонската заедница,
изјави потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити.
Во СДСМ ваквите заложби на потпретседателот на ДУИ ги сметаат за личен став:
„Овие коментари претставуваат инцидентни лични мислења на одредени претставници на ДУИ. Претставниците на владеачката коалиција постигнаа политички договор којшто ги затвора сите политички прашања поврзани со најважните македонски државни интереси,“
изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.
За Алити но и за опозиционата ДПА неприфатлив е и делот од договорот што се однесува на неповредливоста на границите и повикот на владините партнери до локалните косовски власти да го прифатат овој став со што според владата би се создале предуслови за заемна соработка и почитување во регионот.
Од сите Албанци било тоа да се од Косово или Македонија , освен ДПА која учествуваше во претходната влада која даде согласност за договорот за границата сите други го оспоруваат овој договор, и мислам дека нашата држава треба да сфати дека наш сосед е Косово е не Југославија која веќе не постои,
вели Рафиз Алити. Од ДПА пак со став
Без да се разговара со косовските власти за прашањето на границата секое решение ќе биде привремено,
изјави генералниот секретар на ДПА Ружди Матоши.