Достапни линкови

Договорот во Атина го отвора патот за доаѓање на евросилите во Македонија


Со потпишување на договорот за безбедност меѓу НАТО и Европската унија се отвора патот за доаѓање на Евросилите во Македонија, изјави за Радио Слободна Европа Марк Лејти, советникот на генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.

„Договорот од Атина самиот по себе не е целосен договор за безбедносниот аранжман, туку за размена на класифицирани тајни податоци. НАТО е безбедносна организација и ако не се согласиме како да ги поделиме доверливите документи тогаш ништо друго не може да се направи",

рече Лејти.

Според него, финалниот договор ќе биде готов за неколку дена, по што командата на мисијата на НАТО во Македонија ќе ја преземат силите на Европската унија.

„Се надеваме дека преземањето ќе се случи до крајот на овој или почетокот на идниот месец во координација со Владата на Македонија,“

истакна Лејти за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG