Достапни линкови

Пазарење за пасошот и пленарните седници


И на насловната страна на пасошот ќе употребува Албанскиот јазик доколку тоа биде побарано од граѓаните, а за возврат при претседавање со пленарните седници на Собранието и Комисиите исклучво ќе се употребува македонскиот јазик ова е дел од пазарењто што го договорија лидерите на коалициските партнери СДСМ, ДУИ и ЛДП, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Ристо Пенов.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата потврдил дека го почитува уставното име на РМ, и побарал неговата партија активно да учествува во преговорите за одбрана на името. ДУИ ќе го почитува и државното знаме повикувајки на негова соодветна употреба ова е дел од цврстата определност на коалициските партнери за целосно почитување на уставниот поредок, унитарниот карактер на Македонија и нејзината територијална целовитост.

На сосотанокот договорено е пленарните седници на Собранието да се емитуваат и на третиот канал на МТВ каде пратениците кои ќе говорат на македонски јазик ќе бидат преведувани на албански. Коалициските партнери исто така се обврзале да ги прифатат конечните рзултати, од пописот на населението како веродостојни и точни.

Меѓу другото партнерите од владејачките коалиција се согласиле безкомпромисно да го штитат територијалниот интегритет и суверинитет на државата и го потврдиле ставот за неменливост на границите. Црвенковски, Ахмети и Пенов го повикаа УНМИК и локалните власи на Косово да го прифатат овој став со што би се создале предуслови за заемна соработка и почитување во регионот, се вели во соопштението испратено од владата на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG