Достапни линкови

Осуда од целиот свет, владата ја обвинува „Земунската мафија“


Српската Влада во соопштението, ги обвини членовите на таканаречената „Земунска Мафија“ за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Членовите на Земунската група, Владата ги обвини, за убиствата и киднапирањето на неколкумина познати српски политичари кои се случија во последните неколку години. Преку 20 имиња на најпознатите членови на Земунската група, според Владата на Србија, предводени од Милорад Лукович, наречен Легија, поранешен командант на Единициата за специјални операции при Министерството за внатрешни работи на Србија, се објавени во соопштението. „Ова е обид да се запре започнатата борба, против организираниот криминал во земјата, и да се избегнат апсењата“ стои во соопштението.

Во Србија денеска започнува тридневната жалост, по повод убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Во меѓувреме реакциите во светот, не стивнуваат. По тој повод и денешната итна посета на Белград, на високиот претставник на Европската Унија Хавиер Солана, и европскиот комесар за надворешни работи Крис Патен, со што симболично се покажува подршката на реформите во Србија, за чија реализација еден од клучните луге беше премиерот Зоран Џинџиќ. Американскиот претседател Џорџ Буш изрази сочувство до српскиот народ, а портпаролот на Белата куќа, Ари Флејчер, изјави:

„Премиерот Зоран Ѓинѓиќ ќе биде запаметен по неговата улога во донесувањето на демократијата во Србија и по негоавата улога во изнесувањето на Слободан Милошевиќ пред лицето на правдата.“

„Убиството на Зоран Ѓинѓиќ, е убиство на процесот на демократизација и нормализација на ситуацијата во Србија. Убиен е човекот кој беше олицетворение на реформите“ на овој начин убиството на српскиот премиер, го осудија и останатите светски лидери.

По прогласувањето на вонредна состојба, безбедносните мерки во Србија, како и во регионот се зголемени. По барање на српската Влада, Унгарија ги зајакна мерките за контрола на унгарско-српската граница, поради евентуалниот обид за бегство на убијците.
XS
SM
MD
LG