Достапни линкови

Има ли место за незадоволство?


Законот за амнестија е мноу јасен и децидент и не остава простор за манипулации и недоразабирања, вели Иџет Мемети поранешен министер за правда во чие време беше донесен овој закон, кој сепак посочува потешкотии во реализацијата на законот има

„Од страна на институциите на системот, особено од страна на судовите имаше доста колебања и покрај тоа што законот во никој сегмент и во никој случај не остава простор да може да се толкува на поинаков начин. Сметам дека за доброто на Република Македонија тој закон треба докрај да се испочитува“.

Во однос на прашањето на Кренар Османи поранешен припадник на ОНА кому Македонските судови му изрекоа казана затвор во траење од шест години поради кривично дело геноцид Иџет Мемти, изјави

„Македонското судство и македонските органи по однос на таквите дела само можат да помагаат. Тоа значи ако трибуналот од нив бара одредено дејствие, тие тоа треба да го направат. ИНаку, според Законот за амнестија и според Статутот на Хашкиот трибунал, македонските органи немаат надлежност да водат такви постапки“.

Меѓутоа експерти од областа на кривичното право велат дека сите случаи кои беа во врска со конфликтот во 2001 а кои се однесуваат на злосторства против човештвото се во надлежност на Македонските судови се додека за нив не изрази интерес Хашкиот трибунал.

Инаку, иако беше побарано покренување постапка за оценување на уставноста на законот за Амнестија од страна на Уставниот Суд таквиот предлог не помина. Единствен за покренување постапка гласаше судијата на уставниот суд Никола Крлески кој објаснува

„Ако се укинеше законот, ќе можеше да се донесе закон којшто ќе ги прецизира кривичните дела. Уште една работа, што за овие кривични дела што се сторени во врска со повредата на човечноста и меѓународното право, доколку Хашкиот трибунал не поведе постапка за тие сторители на тие кривични дела, и овде не се опфатени, така што нема да бидат на дофат на правото. Тоа се неколку основни мои размислувања поради што јас сметав дека законот требаше да биде укинат. Овдека се сите кривични дела поврзани со конфликтот и секој може сега за било кое кривично дело да рече: да, јас извршив кра`ба, ама парите ги употребив за подготвување на конфликтот“.
XS
SM
MD
LG