Достапни линкови

Протести на Албанците


Точно две години по одржаните протести на тетовскиот плоштад под мотото „Стоп на државниот терор“ врз Aлбанците, при што практично беше означен и почетокот на вооружениот конфликт во овој регион за денеска на истиот плоштад најавени се протести чија цел е ослободување на како што се наведува нашите синови од славо македонските затвори, односно ослободување на Кренар Османи поранешен припадник на ОНА кој пред извесно време беше осуден на шест години затвор за кривично дело геноцид.

Протести пред неполн месец најави и опозциската ДПА на Арбен Џафери кој токму пореди непочитувањето на законот за амнестија не присуствуваше на последната лидерска средба кај претседателот Борис Трајковски.

„Ние како политичка партија, како ДПА укажувавме на чинот на непочитување на законот за амнестија од страна на актуалната власт во Македонија, односно од владината коалиција,“

изјави портпаролот на ДПА Демуш Бајрами.

На протестите ќе се придружат и студентите на малоречанскиот универзитет кои од вчера протестираат против основачот на парауниверзитеотот Фадил Сулејмани

„Силно ги поддржуваме овие протести, чија цел е ослободување на нашиот другар и студент Кренар Османи,“

изјави Сервет Јусуфи член на Студентскиот Одбор на ТУ.

За ДУИ поддршката на ДПА за овие протести не е ништо освен политички маркетинг.

„Опозиционите албански политички партии сакаат да го искористат тоа да направат маркетинг и да покажат дека се многу загрижени за војниците од поранешна ОНА, во принцип тоа е повеќе наша грижа затоа што ние сме политичка партија која ќе ја обезбедува таа структура и меѓу другото работиме на подобрување на состојбите,“

изјави Теута Арифи.
XS
SM
MD
LG