Достапни линкови

Дефинирање на СОФА договорот


Во текот на неделава претставниците на македонската влада и експертите на Европската Унија треба да ја дефинираат конечната верзија на СОФА договорот што ја дава правната рамка за прстојот на најавените евросили во Македонија. Во меѓувреме за петок во Брисел е најавено потпишување на договорот за безбедност меѓу Европската Унија и НАТО што се смета за крупен чекор кон реализирањето на договорот Берлин плус според кој ќе биде возможен трансферот на силите на НАТО со оние на Европската Унија.

„Подготовките за преземањето на мисијата на НАТО од страна на Европската Унија се во тек, како и консултациите за сите технички и пракатични прашања.“

вели портпаролката на европската Унија во Македонија Ирена Ѓузелова. Но, забавувањето на стартот на евросилите во Македонија е евидентно. Па така наместо во март сега се оперира со најавите дека тие ќе дојдат во април. Иако нема директна причина и отворен спор што го спречува усогласувањето на договорот Берлин плус, идирекната сепак е Ирак, потврдуваат дипломатски извори. Јавна тајна е дека ирачкото прашање предизвика досега невидена атмосфера во сите тела на МеЃународната Заедница. За разлика од порано кога во разговорите на релација НАТО Европска Унија владееше духот на конструктивност и соработка во интерес на брзото и ефикасно затворање на проблемте сега тоа повеќе го нема.

Сепак официјалната позиција и на НАТО и На Европската Унија останува непроменета, нема несогласување околу позициите кон Балканот, вели портпаролот Ѓузелова

„Политиката во однос на Балканот е базирана врз проценките за постојана потреба од стабилизација на регионов, врз принципот на неменливост на границите и исто така врз политиката за подобрување и зголемување на перпсективите на регионов Соработката меѓу Европската Унија и Соединитите Држави на Балканот секогаш беше добра и чесна и не гледам никакви причини тоа да престане.“
XS
SM
MD
LG