Достапни линкови

Ќе се формира прв меѓународен кривичен суд


Денеска во Хаг ќе биде воспоставен првиот Меѓународен Криминален Суд. Судот ќе се занимава со прашања на злосторствата против човештвото како на пример геноцидот. Подржувачите на овој суд велат дека станува збор за најголем хуман напредок во изминативе 50 години додека пак другите надворешни фактори не очекуваат драматичен развој.

Церемонијата со многу симболизам е важна за подржувачите на овој Суд кој велат е најголемо достигнување во човековите права во изминативе 50 години. 18 – те судии во Хаг, во присуство на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, холандската кралица Беатрикс, јорданскиот принц Зеид Ал Хусеин, ја даваат својата заклетва, додека канцеларијата на обвинителот ке остане празна до април кога ке се знае и избраната личност. Патот до формирањето на судот беше долг. Камења темелници се судењата во Нинберг и Токио по Втората Светска Војна и Хашкиот трибунал за поранешна Југославија. Во 1998 во Рим 120 земји членки на Светската Организација го одобрија формирањето на судот. Досега 89 држави тоа и го ратификуваа а најголеми лобисти за воспоставување на Судот за Меѓународниот криминал се невладините организации како Хјуман Рајтс Воч. Ричард Дикинсон од оваа организација вели.

„Инаугурацијата на 18 – те судии на Меѓународниот Криминален Суд е историски настан. Тоа значи дека оваа институција е можеби најважниот механизам на човековите права креирана во изминативе 50 години.“

Во 98 во Рим тогашниот американски претседател Бил Клинтон го потпиша римскиот договор за формирање на овој суд, но Конгресот имаше забелешки поради стравувањето оти може да им се суди на американски граѓани од политички мотиви. Соединетите држави никогаш не го ратификуваа, а претседателот Џорџ Буш се повлече од договорот, па дури Вашингтон го искористи своето влијание врз 20-тина помали држави да потпишат билатерални договори дека нема на судот да му испорачуваат американски граѓани. Факисо Мочочоко легален советник на Меѓународниот Суд за Криминал во врска со овој проблем вели.

„Земјите кои го потпишаа договорот со Соединетите држави, а кои исто така го имаат потпишано статусот се целосно свесни за обврските што произлегуваат од договорот, но ние досега немаме никакви искуства.“

Инаку статусот на Судот е законски лимитиран. Меѓународниот Суд за Криминал може да суди само доколку Националниот суд не може или не сака тоа да го направи. Друго Судот може да им суди само на индивидуалци а не и на држави за раширени и систематски злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG