Достапни линкови

Воздржаност и затвореност


Во очекување на средбата на македонскиот државен врв посветена на американскиот нон-пејпер во кој се бара подршка на земјава во акцијата за разоружување на Садам Хусеин во сите официјални инстанци воздржаност и затвореност. Најавените консултации на премиерот и председателот Трајковски што треба да резултира со јасен и отворен став за главното прашање ќе учествува ли македонија со свои војници во евентуалната воена интервенција на сојузниците предводени од Соединетите Држави против Ирак сеуште без официјален термин на одржување. Досега таа не е одржана. Од неа треба да произлезе и став за очекуваната компензација на која Македонија би можела да се надева доколку безрезевно застане зад Вашингтон и во нивната евентуална војна против Ирак учествува со наши војници. Во оптек се очекувањата за економска и безбедносна подршка на Соединетите Држави, но и помош во решавањето на спорот со уставното име.

Паралено со воздржаноста на државниот врв и релевантните партии во Македонија со став што допрва ќе се гради:

„Оваа недела се очекува и првата седница на Претседателството, каде што, покрај останатите точки, ќе се разгледува ирачкото прашање во поширока смисла, а не само во смисла на нон-пејпереот на САД и тогаш Социјалдемократскиот сојуз ќе го утврди својот став,“

изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.

Слично најавуваат и од ВМРО ДПМНЕ.

„Наредниве денови ќе можеме поподробно да се произнесеме во врска со целава оваа работа, затоа што во моментот ги немаме сите потребни информации. По консултациите во највисокото партиско раководство ќе можеме да излеземе и со нешто поконкретно“.

Ставот на ДУИ пак е дека Соединетите држави се наш стратешки партнер и сите барања што од таму доаѓаат треба внимателно да бидат разгледани:

„Се надеваме дека институциите на Република Македонија ќе ги разгледаат овие барања и во однос на нашите интереси и интересите на граѓаните на Република Македонија ќе го одлучат тоа што е најдобро“.

изјави потпретседателот на ДУИ Теута Арифи.
XS
SM
MD
LG