Достапни линкови

Петар Гошев, министер за финансии. Нема решенија преку ноќ


Макроекономската политика и буџетот ќе се најдат пред пратениците на собранието на Република Македонија кон крајот на овој месец. Дали посоти формула, волшебна или реална сите овие придобивки од увтрдувањето на овие документи да се почувствуваат во стпонатството, во економијата, па и во најшироките слоеви?

Точно е. На 21 всушност почнува Собранието со расправата за буџетот, макроекономската политика, одделните политики коишто се составен дел на вкупната политика, а во тие одделни политики се поттикнувањето на вработувањето, поттикнувањето на извозот, поттикнувањето на штедењето и инвестициите заедно со повеќе закони коишто обезбедуваат остварување на така предложениот буџет го сочинуваат пакетот мерки за 2003 година, а тој пакет на мерки ќе биде и основна ориентација на владта и во наредниот период по 2003 година. Резултати веднаш, се разбира дека не може да се почувствуваат, затоа што вообичаено е дека и најдобро подготвените пакети и економски мерки за да почнат да даваат резултати треба да помине извесен период којшто не може да биде помал од шест месеци од една година.

Значи основно е да се издржи на овие постулати, а резултатите треба да се почувствуваат на еден подолг период бидејќи се работи за процес?

Апсолутно, нивото на инвестиции во досегашниот период е ниско, ниско е затоа што домашното штедење е крајно ниско. Изворите на средства со коишто располагаат банките се краткорочни пред се. Странските инвестиции исто така се ниски, и кога ќе ги погледнеме податоците за бруто инвестиции во стопанството во основни средства и кога ќе направиме компарација со другите држави јасно произлегува нашата ниска стапка или опаѓачка стапка на растот на бруто домашниот производ и бидејќи оваа година е прва кога се обидуваме да намалиме толку многу од јавните расходи, сепак тоа не е доволно наеднаш да покаже знаци на страната на растот на стопанството и дека тоа треба да го повторуваме повеќе години натаму и заедно со стапките н растот позитивни што ќе почне да се остваруваат, заедно со сите други позитивни промени да почнеме да чувствуваме по извесно време резултати коишто ги чувствуваат граѓаните коишто ќе осетат дека во нивните паричници има повеќе пари отколку сега, кога ќе видат граѓаните дека на нивната улица веќе нема толку невработени колку што имало. За ова треба време, нема волшебни решенија, нема решенија преку ноќ, битно е дали политикава што сега ја водиме ќе почне да дава резултати. Значи важно е колку долго и колку упорно ќе се работи во тој правец.
XS
SM
MD
LG