Достапни линкови

Раселените тетовчани се враќаат во своите домови


Повеќе нема оправдување раселените лица од Тетово и неколку други села од тој регион да продолжат да претстојуваат во колективните центри каде што беа сместени во измиантите две години по завршуавњето на воениот конфликт. Услови за нивно вракање има и тие најдоцна до петок треба да ги напуштат просториите на студентските домови вели прествникот на министерството за труд и социјална политика Боге Чадиновски.

„Оценивме дека условите се создадено од декември месец, меѓутоа владата сепак покажа разбирање заради хуман аспект и ги остави до пролетта. Тие и самите знаеја дека може да се вратат.“

Тој објснува дека при иселуавњето на раселените од Тетовско ќе бидат направени исклучоци.

„Учениците и средношколците остануваат до крајот на учебната година.“

Според податоците на мнситерството од центрите треба да бидата ислелени околу 800 лица од тетовско а во нив ке останат уште стотина тетовчани.

„Тие ќе се враќаат во пет села заедно со градот Тетово. Тие што немаат куќи не се на список за одење.“

Реакциите на тетовчани во јавноста оти нема да се ислеуваат под образложение дека не се создадени безбедносни улови за тоа како што оценува Адиновски се неоправдани и тој очекува дека раселените до петок сепак ќе си заминат во своите домови.

„Треба да ги предадат клучевите зашто постојат услови за нивно одење дома. Знаете дека учениците и студентите нема каде да ги сместиме.“

Според министерството за труд и социјална политика враќањето на раселените луѓе во нивните домови во наредниот период ќе се остварува етапно. Тоа значи дека по создавањето на материјални и безбедносни услови во тетовскиот регион во план е да се враќаат и другите лица така како што ќе се обновуваат нивните куќи.
XS
SM
MD
LG