Достапни линкови

Бошковски одбива учество во парламентарната комисија


ВМРО ДПМНЕ и ДПА се партиите кои беа на влaста кога се случија киднапирањата на луѓето за кои до денес нема одговор каде се и дали се живи и во таа смисла во рсветлуавњето на овој случај меѓу другото треба да бидат вкучени и претставници на тие партии. Вака генерално се објснува намерата на предлогот на МВР што деновиве е поддржан од Советот за Безбедност покрај операциите што ќе ги презема полицијата на теренот да биде формирана мешовита владино- прламентрна комисија која би требало да понуди документи и сознанија за случајот. Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски чие што име се спомнува во составот на комисијата покрај името на Гзим Острени од ДУИ ја оттфрла потребата од таква негова улога односно негово вкучување во тој случај при тоа повикувајќи се на како што рече неговаат политичка принципиелност.

„Не можам да бидам на заедничка маса со луѓето кои на Македонија и наметнаа војна. Судбината на киднапираните Македонци единствено во македонската држава вистината ја знае злосторникот Али Ахмети. И ако вие мислите дека Бошковски може да ја заборави судбината на Македонците и на оние невини жртви албански кои предводени од Али Ахмети и од генералот Газим Острени можат да бидат преговарачи со човекот кој го бранеше македонскиот суверенитет, сега да се формираат некакви квази-комисии од Советот за безбедност, е многу примитивно да се разговара“.

Запарашан зошто кога вели оти Ахмети и неговите луѓе како што е Гзим Острени се тие кои ја знаат вистината тогаш одбива да се фати во костец со таквото сознание и да ги истера на виделина со докази токму преку соочување со нив Бошковски за Радио Слободна Европа одговори

„Оној момент кога господинот Буш и господинот Садам Хусеин ќе седнат на заедничка маса, тогаш ќе го видите Бошковски да преговара на таа маса“.

И конечно Бошковски за себе вели оти не може да ја заборави судбината на исчезнатите Македонци и Албанци, но дека во нејзиното расветлување треба сега да се вклучи некој друг, а тој и неговата партија го сториле своето со тоа што покренале кривична пријава против Али Ахмети.

Во стилот дека е јалова работа засега и роднините на киднапираните Македонци го коментираат формирањето на уште една комисија за расветлување на судбината на нивните исчезнати роднини.

„Али Ахмети е со целата банда тука. Меѓутоа, не сакаат да разговараат со него, а не знаеме зошто“.

изјави Војо Гоговски претставник на семејствата на киднапираните кој сеуште останува на гледиштетото дека дел до исчезнатите Македонци се живи, но оти полицијата е таа што треба да ги најде.
XS
SM
MD
LG