Достапни линкови

Голем дел од пречките за враќање на раселените отстранети


Голем дел од пречките за враќање на раселените лица се веке отстранети, оценува Горан Момировски од високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации

„Остануваат уште неколку локации каде што сеуште имаме проблеми. Во таа смисла имаме секојдневна координација со останатите фактори коишто работат на полето на безбедноста и на полето на реконструкцијата на нивните куќи што е и причина за тоа што тие сеуште не се вратиле дома.“

Во УНХЦР велат дека наскоро и целосно ке бидат решени проблемите кои ги спречуваат раселените лица да се вратат во своите домови

„Ми се чини дека во текот на пролетта и овие два проблеми ќе бидат решени со што до крајот на годинава сите лица ќе може да се вратат во своите домови.“

Проблемот со внатрешно раселените лица од конфликтот во 2001 го разгледува и работна група при Собранието. Блаже Стојановски член на оваа група вели дека овие луѓе имаат изгубено надеж дека ќе се реши нивниот проблем

„Тие сакаат да се вратат, меѓутоа имаат и изгубено надеж во нивното враќање со оглед на долгиот период од две години колку што се истерани од нивните домови. Затоа се треба да оди кон создавање безбедност за нормално живеење.“

Во контекст на бројот на раселени лица во УНХЦР сметаат дека официјалната бројка на внатрешно раселени лица во моментов не е реална

„Во државата има околу 8500-8600 при што се надеваме дека во реалноста оваа бројка е помала.“

изјави Момировски.
XS
SM
MD
LG