Достапни линкови

За да се спречи трговијата со луѓе мора да се зголеми контролата на границите


За да се спречи трговијата со луѓе клучно е да се зголеми контролата на границите, изјави професорот по криминологија, Љупчо Арнаудовски. Според него досегашните активности на полицијата не се доволни, бидејќи сузбивањето на оваа појава е комплексен процес:

„Клучно прашање е Македонија да ги обезбеди границите и да обезбеди контрола на движењето на луѓето на оние што доаѓаат и заминуваат.“

Професорот смета дека овој вид на криминал е тесно поврзан со другите како трговија со дрога, оружје. И токму поради тоа тој вели дека активностите на полицијата во делот на контрола на локалите не може да дадат целосни резултати, потребна е регионална соработка

„Овој регион Македонија, Србија, Албанија стана подрачје каде што овој криминалитет се остварува, потребни се заеднички мерки за дејствување за сузбивање на овој криминалитет.“

Арнаудовски посочува дека тешко е да се искорени или да се доведе до некои како што се вели нормални граници оваа појава и поради фактот што овој вид на криминал создава повеке профит за разлика од останатите.

Арнаудовски и со оценка за досегашните активности на полицијата за сузбивање на трговијата со луѓе:

„Последните чекори што ги презеде македонската полиција, да речам владата покажа волја да се справи со овој криминал. Самиот тој факт е погодна подлога идните акции на полицијата да бидат успешни и да ги пресекуваат каналите, бидејќи таа на овој начин веќе влегува во јадрата на организираните групи што се занимаваат со овој криминал.“
XS
SM
MD
LG