Достапни линкови

Обид за спроведување на законот за работа на угостителските објекти


Во обид да се спроведува законот за угостителски објекти, кој го регулира работното време на ноќните локали, забранува точење на алкохол на малолетни лица и друго, министерството за внатрешни работи најави дека заслените активности ке бидат континуирана пракса. Активностите на министерството следуваат по неодамнешното убиството на средношколецот Марио.
Сопствениците на локалите на кои им беа најавени овие мерки со различни размислувања за активностите на МВР. Но, тие се согласуваат дека за да се заштитат децата потребна е една поширока општествена акција

„Тие сега вината ја бараат кај некои други. Децата не се виновни, туку се виновни самите луѓе од МВР кои дозволија да има толку нереди, дрога и алкохол. Децата како деца не се виновни. Нам, во наше време, не ни текнуваше ни за алкохол, ни за ништо. Во денешно време децата се збеснати – и од дроги, и од други чуда. Само мислам дека вината е и кај родителите, и кај државата што дозволила да дојде толку голема количина на дрога. Така што треба да се преземат посериозни мерки. Не е решение да се затвораат кафулињата. Јас сум да се затвораат кафулињата во 23 часот, ама не на ваков начин, и така нема да го решиме проблемот“.

„Мислам дека се оправдани сите акции на МВР, поради тоа што има ептен голем криминал, недозволено голем број на оружје. Со овие рации до некаде може да се спречи овие проблеми со насилството,“


велат сопствениците на нокните локали и посочуваат дека во земјава постои самоволие, не се почитува ни полицијата

Од министерството за внатрешни работи се категорични

„Ги почитуваме законите. Се знае каков е законот за угостителството и нема да отстапуваме од него, ќе поднесуваме прекршочни или кривични пријави и тоа ќе биде како и порано, само ќе бидат позачестени,“

иИзјави Раде Јовановски државен секретар во МВР. Тој вели дека има законска обврска за санкционирање на угостителите

„Ние немаме законска обврска да ги санкционираме малолетниците, туку ги санкционираме угостителите. А за малолетниците, во пакетот што го планираме како иницијатива за промена на прописите, можеби ќе има санкции во законот за малолетници“.

Инаку министерството од синока почна да ги спроведува мерките за зголема контрола врз работата на угостителските објекти.
XS
SM
MD
LG