Достапни линкови

Насилна стерилизација на Ромки во болниците


На клиниките во Словачка, Ромките масовно се изложени на насилна стерилизација, известуваат домашните и американските невладини организации. Доказите за насилно стерилизарање на 110 Ромки, две невладини организации веќе му ги предадоа на словачкиот омбдусман Павол Кандрачи. По овој скандал, влезот на Словачка во Европската Унија е доведен во прашање.

„Препораката на Европскиот Парламент за влез на Словачка во Унијата, заедно со останатите девет земји-кандидати, зависи од дополнителните извештаи за корупцијата и аферата околу насилната стерилизација на ромските жени во земјата. Европската унија бара темелна истрага околу аферата и казнување на виновникот,“

изјави претставникот на Европскиот парламент Јан Маринус Вирсма.

Словачка многупати досега беше критикувана од Унијата, токму заради лошата положба на ромското малцинство во земјата.

Во извештаите на двете невладини организации наречени „Тело и душа“ се наведува случај на една ромка која без да знае е стерилизирана во текот на породувањето. Дека никогаш повеќе нема да може да раѓа, подоцна и открил нејзиниот гинеколог. Стерилизацијата најчесто се извршувала пред породувањето, кога на ромките најчесто неписмени и сеуште под дејство на анестетици, лекарите им давале да потпишат документ во кој се согласуваат на стерлизација. Поголем дел од нив своите права ги побарале на суд, но во тоа не успеале бидеќи во најголемиот дел од случаите постоела нивна писмена согласност.

Во истражувањето на аферата што ја „потресе“ Словачка по барањето на Европската унија да биде спроведена темелна истрага, е ангажирана и полицијата, а потпретседателот на Владата, Пал Чаки, поднесе кривична пријава против непознат сторител заради насилна стерилизација на Ромките во земјата.
По скандалот, единствено позитивните дополнителни информации за овој проблем, може да го решат прашањето за влез на Словачка во Европската Унија, на претстојната седница на Европскиот парламент закажана за девети април.
XS
SM
MD
LG