Достапни линкови

Реформата на јавниот сектор сеуште на почеток


Реформата на јавниот сектор сеуште е на почеток, оценува професорот на Правниот факултет Борче Давитковски. Тој објаснува дека стратегијата за реформа во оваа област е донесена уште во 1999 година

„Стратегијата за реформа во јавната администрација беше донесена во 1999 година, но мерките со кои почна да се спроведува уставниот суд ги прогласи за противуставни, односно законот за административно пензионирање и законот за државни службеници во делот кај што јавните службеници постоеше можност да се прогласат за технолошки вишок.“

Според него клучен закон е оној за установи

„Иако се донесоа закони за државна управа за влада, за државни службеници во текот на 2000-та година сепак мора да се донесе законот за установи како еден од најсистемските закони. Со него ќе се утврди префрлањето на одговорностите од државата врз јавниот сектор и од јавниот сектор врз приватниот сектор. Тоа е првата легална, базична реформа, а врз основа на тоа мора да се усогласат сите закони кои ја регулираат јавната сфера, односно образование, здравство, наука, култура итн.“

Само на тој начин објаснува Давитковски може да очекуваме бројот на вработените да се намалува

„Тоа значи да се растерети буџетот, но не и да се намали квалитетот на услугите, туку напротив да се зголеми квалитетот за дупло помалку пари. Тоа во западно европските земји се спроведува во последните 30 години.“

Во контекст на намалувањето на бројот на
вработените во јавната администрација Владата деновиве одлучи дека на оние кои се вработени без јавен оглас што пак претставува непочитување на законот за работни односи и државни службеници ќе им престане работниот однос. Од трудовиот инспекторат велат дека во овој случај станува збор за засновање на работен однос по основ на преземање

„Тоа право го имаат јавните установи. Тоа е законски, но изигран е законот,“

изјави Агим Шаќири од трудовата инспекција кој објаснува дека при засновањето на работен однос на ваков начин мора да има и јавен оглас.
XS
SM
MD
LG