Достапни линкови

Бучковски едно зборува во Скопје друго во Тирана


Македонската влада треба да реши дали постои АНА или не, а не да ме обвинуваат мене лично и партијата дека сме политички зад ваквите феномени, изјави претседателот на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери.

„Мислам дека со вакви изјави господинот министер за одбрана се обидуваат да ја заплашиат и јавноста и нас, а конечно тие ќе се заплашат себе си.“

Ова откако Министерот за одбрана Владо Бучковски го оввини лидерот на ДПА Џафери дека има дава политичка подршка на екстремстите и вооружените групи кои делуваат во Македонија. Во интервјуто за Слободна Европа Бучковски изјави:

„Тој знае да игра не само на ситно, туку знае да игра и една крупна игра што може да биде опасна по детсабилизацијата на Република Македонија.“

Лидерот на ДПА Арбен Џафери предупреди дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка криза и една од опциите за излез од неа е и оставка на владата. Тој рече дека граѓаните во Македонија се повеќе ја губат меѓусебната доверба, а поттик на ваквите процеси прави сегашната влада, со своето погрешно делување во одредени кризни моменти.
XS
SM
MD
LG