Достапни линкови

Повлечен законот за Републички судски совет


По барање на владата од дневниот ред на денешната собраниска седница е повлечена точката за измени во Законот за републичкиот судски совет.

„Предлогот од собраниска процедура се враќа назад во владина процедура заради дополнителни консултации и дополнувања“

изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски кој објаснува дека причина за повлекување на измените на законот на Републичкиот Судски Совет не е нивната не усогласеност со амандман 14 од уставот кој предвидува тројца од членовите се избираат со мнозинство гласови вклучувајќи и мнозинство од пратениците - припадници на заедниците

„Тој амандман не е единствениот заради кој се повлече овој предлог-закон за Републичкиот судски совет. Има и други работи коишто ќе бараат дополнително разгледување и затоа предлогот е повлечен“.

Веднаш по најавите на владата за промена на постоечкиот закон за РСС експертите укажаа дека во случај тие да бидат усвоени ќе треба да се преиспитаат уставноста на законот за оваа институција

„Парцијалното одлучување за пенсионирањето на Републичкиот судски совет во ниту еден случај не би било прифатливо како одлука, бидејќи доколку тоа се однесува за членовите на Републичкиот судски совет би требало да се однесува и на сите носители на јавни функции – и на членовите на Уставниот суд итн. Значи, доколку се донесе ваков предлог-закон, треба да се испита неговата усогласеност со уставот, односно со сутавните одредби коишто го тангираат прашањето на Републичкиот судски совет и на мандатниот период за којшто се избрани неговите членови“.

изјави магистер Татјана Каракамишева од правниот факултет. Остри реакции стигнаа и од опозиција чии преставници сметаат

„Аспурдно е да се аргументира имплементацијата на Охридскиот договор, односно на амандманите што произлегоа од Охридскиот договор, на еден неуставен начин, со кршење на самиот устав. Тоа е недозволено,“

вели Чедо Кралевски од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG