Достапни линкови

Осуда на инцидентот во Шемшево


Меѓународните набљудувачи од ОБСЕ го потврдија инцидентот во кој биле физички нападнати македонски ученици што за првпат од почетокот на школската година се вратија во основното училиште во село Шемшево.

„Требаше доста време за повторно да се спојат условно кажано двете страни и мислкам дека сите беа среќни што македонските ученици се вратија или барем имаа можност да се вратат во основното училиште во Шемшево. Се разбира дека ваквите акти на насилство мора да бидат осудени. Останува да видиме што ќе решат одборите на родителите и на наставниците, но да се надеваме дека вистинскиот пат на кој се сега луѓето од Шемшево ќе биде следен. Во овој инцидент се вмешани 11-годишни ученици Македонци кои биле нападнати од деца од 14 години. Мое лично мислење е дека деца од 14 години би требало да знааат што прават,“

изјави портпаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен со надеж дека овој инцидент нема да го загрози успешното решавање на проблемите во ова училиште. Но според заменик министерот за образование Тале Герамичиоски со овој ин цидент процесот на смирување се враќа на почеток.

Ова откако една третина од учениците Македонци што ја бојкотираа наставата во Шемшево решија да се вратат на наставата во интерес на градењето доверба и подобрите услови што ги нуди училиштето во Шемшево за разлика од импровизираното училиште во Сиричино.
XS
SM
MD
LG