Достапни линкови

Владо Бучковски, министер за одбрана. Моментно нема закана за сериозна дестабилизација на Македонија


Која е таа АНА, дали се работи за фантомска творба зад која стојат криминални групи или ја искористуваат за да се сокријат зад неа или стои некоја политички мотивирана групација?

Според она што е евидентно е дека АНА е присутна во овој момент го користи Интернетот и ги користи соопштенијата да се промовира во јавноста. Де факто, во овој момент соопштенијата што може да се добијат на Интернет, или на веб сајтот на АНА евидентно е дека таа во едното крило на фронтот кој постои, тоа е фронт за национално обединување на Албанците, евидентно е дека поддржувачите на ваква идеја постојат во регионот, постојат и во Република Македонија. Трансофрмацијата на ваквките банди од криминалци во борци за големи идеи можеби е прашање да денот, затоа не треба да се потцени тоа што ние за среќа во овој момент сметаме дека тие се само присутни на веб сајтот на нивната организација. Од друга страна, не треба да се исклучи можноста дека дел од овие поранешни припадници на УЧК, на ОНА, на ОВПМБ, кои во меѓувреме не успеаја да се ресоциализираат и интегрираат во македонското, во косовското, во српското општество, единствено што знаат да искористат вакви големи идеи за да застанат под закрилата на организација што ќе им гарантира дека и натаму може да ги остваруваат своите криминални идеи.

Како ја оценувате безбедносната ситуација во државава во овој момент?

Во овој момент Македонија нема закана од сериозна дестабилизација. Но, е исправена пред сериозен предизвик. Сметам дека во изминатиот период ако тврдевме дека овие екстремисти или овие вооружени групи немаат политичка поддршка, со последната прес конференција од ДПА не сум сигурен дека тоа не беа првите сигнали со кои сакаше пред се господинот Џафери да им даде и отворена поддршка. Тој знае да игра не само на ситно, туку знае да игра и една крупна игра што може да биде опасна по детсабилизацијата на Република Македонија, бидејќи во оваа фаза кога се обидуваме со политички средства да ги санираме и да ги превенираме настанатите проблеми на теренот од безбедносен аспект, секој апел кој оди во дополнително нивно охрабрување може да биде контрапродуктивен. Сето ова ми дава за право да заклучам дека треба да се биде крајно претпазлив во давањето на оценките дека овие групи немаат политичка поддршка. Треба да се биде умерен затоа што гледаме дека работите се менуваат од ден во ден, од час во час и будно да се следат работите, максимално со политички и дипломатски средства да испратиме јасна порака дека ваквите појави ќе бидат осудени од сите и дека ќе се добие поддршка и од релевантните фактори што се присутни овде за да го избегнеме сценариото што во 2001 година го имавме тука.
XS
SM
MD
LG