Достапни линкови

Меѓународата заедница ја поздрави средбата


Безрезервна осуда на секој вид насилство без разлика на политичката или криминалната заднина или било кој друг вид активности кои водат кон дестабилизација на државата е изразена на првата средба на премиерот Бранко Црвенковски со претседателот на ДУИ Али Ахмети што се одржа во владата. Фокусирана врз проценка на работата на владата во првите 100 дена на средбата Црвенковски - Ахмети, како што се вели во соопштението на владата е искажана и цврста поддрша и охраврување на државните институции во бескомпромисната борба против секој вид на радикализам и екстремизам без оглед на етничката боја, како и определба за целосно спроведување на охридскиот договор.

Очекувано, средбата Ахмети Црвенковски ги предизвика и првите реакции во јавноста. Таа е поздравена од претставниците на меѓународната заедница во земјава, иако како што оценува амбасадорот на НАТО во Македонија Николас Бигман до неа можело да дојде многу порано.

„Мислам дека е инзвонредна работа тоа што господинот Ахмети и господинот Црвенковски официјално се сретнаа денеска. Тие се на важни позиции во нивните партии и мислам дека соработката на овие партии во коалицијата веројатно ќе се подобри откако лидерите стапија во директен контакт. Би рекол дека ова е сосема нормална средба и испраќа позитивна порака, иако можеби малку е подзатоцнета, имено до неа можеше да дојде и порано,“

изјави Николас Бигман за Радио Слободна Европа. Иако мандатот на ОБСЕ во Македонија не е да ги коментира средбите на политичките лидери, портпаролот на ОБСЕ изјави:

„Секогаш е добро лидерите и политичарите од различни партии да се среќаваат и да разговараат за проблемите, обидувајќи се да ги решат.“

Пораката од средбата Црвенковски - Ахмети поинаку ја толкуваат во двете најголеми опозициони партии во земјава ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

„Ова не е прва средба на господинот Бранко Црвенковски со убиецот Али Ахмети и ние сеуште го сметаме нивното коалицирање за апсолунто неморално, надвор од било кои политички норми. Истите актери кои доводоа до создавањето на владината коалиција, сега без потреба прават театар,“

коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG