Достапни линкови

Барање за поголема соработка на Хари Костов со заменикот


Демократската унија за интеграција бара поефективна соработка мегу министерот за внатрешни работи Хари Костов и неговиот заменик Фатмир Дехари, изјави Ермира Мехмети портпарол на ДУИ.

„Сметаме дека тие во владата треба да функционираат како партнери и заедно да ги разрешуваат сите проблеми и кога се во прашање случаи каков што беше овој во Струга, да има поголема партиципација од двете заедници, а не да бидат етнички чисти составите на полицијата“.

Мехмети вели дека оваа партија ги осудува активностите кои се во спротивност со законот и напорите за зачувување на редот и мирот во земјава, но дека е неопходно во полициските акции за откривање на сторителите на криминални и терористички дела да учествуваат повеке Албанци

„Кога во таквите акции и дејству8вања ќе бидат вклучени повеќе припадници на албанската заедница, тоа нема да предизвикува вознемиреност кај албанското население коешто живее таму, туку се би се прифатило на порелаксиран начин и не би се оставил простор за шпекулации дека македонската полиција извршува акции против албанското население“.

Токму по ова прашање, велат во ДУИ, министерот за внатрешни работи Хари Костов треба повеќе да соработува со неговиот заменик.

Во МВР во контекст на однесувањето на полицијата при нејзините активности и соработката меѓу минстерот и неговиот заменик велат

„Соработката меѓу министерот и неговиот заменик се одвива нормално и непречено. Полицијата своите задачи ги извршува согласно со уставот и законите на Република Македонија. Полицијата во преземањето на мерките и активностите коишто се во нејзина надлежност, во целост се придржува кон пропишаните стандардни процедури и постапки. Досега ниту еден граѓанин не се пожалил до МВР за постапките на полицијата во врска со струшкиот настан“.
XS
SM
MD
LG