Достапни линкови

Разврска на кризата во Ирак, па допацификација на Балканот


Безбедносна е кршлива, потребен е дополнителен напор, меѓусебна координација за да се обесхрабрат сите екстремисти, рече македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски по средбата со неговиот колега од Србија и Црна Гора Велимир Радојевиќ. Со слични ставови македонскиот министер излезе и во Приштина по средбите со Штајнер и КФОР. Претходно, во јужна Србија по разговорите со Човиќ, а веројатно и во претстојната посета на Албанија каде ќе разговара со неговиот албански колега, но иако засилените контакти и комуникација на македонските со претставниците на соседството говорат дека постои желба за координирана акција, таа за сега е само во најава

„Сега за сега не ја гледаме. Гледаме само средби и најави на соработка, или искази за тоа дека се одвива некаква соработка,“

вели членот на советот за национална безбедност на Македонија Ѓунер Исмаил. Истовремено фактот што овие средби се билатерални може да се остави простор за сомнеж дека резултирале со договор на туѓа сметка.

„Средбите на нашиот министер Бучковски со српските функционери и со Штајнер на Косово, оставија еден простор на недоумици којшто резултираше со симболичното сретнување во Поградец на факторите од тнр. албански кампус. Многу јасно може да се види дека вакви акции мора да се одвиваат мултилатерално и на таа маса на средби не би требало пречесто да се наоѓаат само двајца министри за одбрана. На таквите средби вообичаено би било барем тројца министри за одбрана да разговараат за целата состојба“.

Затоа што балканот не е до крај пацифизиран, тоа е крефко подрачје во последните 150 години:

„безбедноста е кревка, но не гледаат сериозни потенцијали за загрозување на таа безбедност, почнувајќи од оние кои произлегоа на одреден начин и од рамковната спогодба и од резолуцијата 1244 гаранции за обезбедување на мирот, не се до крај искрени и едноставно ја чекаат разврската на кризата во Ирак за да можат да се навратат на Балканот и да продолжат со процесот на „допаcцификација“ на Балканот“.

Во меѓувреме Македонија чекајќи ја конечната разврска треба да ги активира сите државни потенцијали, што подразбира целосно владеење на правото.

„Тогаш Македонија ќе заличува на рамноправен субјект во градењето на процесите на пацификацијата,“

смета Ѓунер Исмаил.
XS
SM
MD
LG