Достапни линкови

Поддршка на владата во акциите против екстремистите


Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави една за кривично дело тероризам и една за соучество, Мирјана Контевска портпарол на МВР вели дека засега министерството нема сознанија дека зад овој настан има политички мотиви

„Настанот не се доведува во врска со Дилавер Бојку и активностите што ги преземал основниот суд во Струга. Политичката позадина на тоа или политичките мотиви во текот на истрагата можеби ќе бидат докажани. Меѓутоа, моментно ги немаме политичките мотиви, освен тоа дека е нападната институција на државата Македонија.“

Контевска потврди дека постојат сознанија за активности на одредени криминални групи во земјава

„Групите се лоцирани во поранешните кризни региони.“

Меѓународните претставници во земјава го осудија овој чин и информираат дека ја поддржуваат македонската влада во нејзините напори за борба против сите видови на криминал.

„Целосно го поддржуваме министерството за внатрешни работи во неговите напори за конфронтирање со насилството. Криминалните акти иницирани од нелегални или политички мотиви се неприфатливи и вршителите треба да бидат уапсени и изнесени пред лицето на правдата“

изјави портпарлот на ОБСЕ Волфганг Гревен кој додава:

„Истрагата е во тек, а ние внимателно ке ги разгледаме нејзините заклучоци. Тоа што Албанската национална армија ја презеде одговорноста за нападот, јасно ги демонстрира нејзините криминални и дестабилизирачки интенции.“

Марк Лејти советник на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон во контекст на активностите на криминалните групи е категоричен:

„Мегународната заедница нема разбирање, повторувам нема разбирање за луге што под закрила на политичкиот екстремизам спроведуваат криминални активности. Нема разбирање, нема отстапки за АНА. Она што ние го разбираме мошне јасно е дека тоа е една мала група радикали кои сакаат да се збогатат со криминал преправајки се дека делуваат политички.“
XS
SM
MD
LG