Велат владата нудела решенија. Добро, утре ќе дојдеме пред нивната зграда и директно од најповиканите ќе ги побараме. Не се враќаме дома додека не не примат, а не бараме многу вели претседателот на сојузот на земјоделците Вељо Тантаров. Половина милион население во Македонија живее од земјоделство, цените на земјоделските култури во последните десет години не се покачени, а помошта што од буџетот ја добивавме во вкупен износ од 160 милиони долари од 95 година ни е укината.
„Земјоделците во Македонија денес се на работ на апсолутната сиромаштија. Токму затоа ние бараме некој да се свести во оваа држава и на оваа категорија работници да им подаде рака“.
Владата несмее да ни ја укине ветената премија од 30 денари по килограм откупен тутун
„давање на правото на премија за тутун од 30 денари и доплата на разликата од откупната до гарантираната цена на тутунот, којашто сега е многу срамна и понижувачка за нашите тутунари“.
Млечна криза во Македонија не смее да има, но за жал така е, кој го дозволил тоа ќе мора да одговара е ставот на Тантаров.
„Што да се прави со македонското млеко по увозот на околу 50 вагони кашкавал и сирење, што е предуслов среде зима во Македонија да владее млечна криза, односно да нема откуп на млекото“.
Лебот од брашното од ланската пченица сиромашните го изедоа, но таа иста пченица државата на земјоделците не им ја плати. Трагедијата да биде поголема и покрај вишокот што го имаме, влезот на житни култури од други земји се одвива непречено.
„Земјоделците коишто требаше да добијат цена за пченицата, се уште не можат да достигнат до еден денар“
И како капак на проблемите на земјоделците е корегирањето на стапките на данокот на додадена вредност .
„Уште малку ќе плаќаме и данок за воздухот што го дишеме во нашите села“.
Земјоделците од владата ќе побараат да даде зелено светло за укинатите премии за петте земјоделски култури. Се работи за средства во вкупен износ од две милијарди денари. Со овие средства богати нема да станеме, но барем ќе преживееме
„Не може владата на Македонија, Меѓународниот монетарен фонд да ни го прикажува како вампири и бабароги со коишто не плашат дека тие не даваат да се воведат поволности за земјоделците“.
е ставот на Вељо Тантаров председател на сојузот на земјоделците.