Достапни линкови

Франција ја предупреди Бугарија за поддршката на САД


Несогласувањата меѓу Соединетите држави и некои европски сојузници за тоа како да се справат со Ирак ги ставија во незгодна ситуација земјите од Источна Европа кои треба да станат членки на НАТО и ЕУ. Последниот коментар на Франција упатен до Бугарија го покажува тоа.

Франсоа Ривасу портпарол на француското министерство за надворешни работи во интервју за бугарското приватно радио НЕТ речиси ја предупреди Бугарија поради нејзината подршка на американската позиција во однос на Ирак може да претрпи штета на патот кон Европската Унија.

„Доколку Бугарија или друга источно европска држава дадат впечаток дека за нив е поважно да соработуваат со Соединетите држави отколку со Европа, на пример со Франција или Германија, тогаш е можно не владата туку јавното мислење да биде против нив и да се запрашаат дали на источно европските држави им е местото во Европа. Тоа е изборот – мора да разберете.“

Софија реагираше бргу за да ги надмине недоразбирањата. Портпаролот на бугарското министерство за надворешни работи за Радио Слободна Европа изјави.

„Официјалната позиција на Република Бугарија кон Ирачката криза не е сменета а таа е дека никаква воена акција не може да биде преземена се додека не се исцрпат политичките среддства.“

Тодоров, францускиот предлог за зголемување на инспекцијата на Обединетите Нации во Ирак го прокоментира како интересен, но и истовремено вели дека новите иницјативи не треба да се мешаат со постоечката резолуција на Обединетите Нации за разоружување на Ирак. Тој ги одби пишувањата на западните медиуми дека Бугарија и другите источно европски земји треба да заземат страна. Имено приклучувањето кон НАТО и Европската Унија долго време за Бугарија и за другите држави од источна Европа се врвни надворешно политички приоритети. НАТО за Бугарите е речиси остварен, додека патот кон Унијата е подалечен. Одговарајки на барањето на Вашингтон Бугарија го отвори воздушниот простор и даде подршка во евентуалната војна со Ирак.
XS
SM
MD
LG