Достапни линкови

Штрајк на „Македонски железници“ поради несериозниот однос на владата


Блокадата на железничкиот сообраќај е изнудено решение, кое мораше да се спроведе пред се поради несериозниот однос на владата е ставот на Тони Ѓурески претседател на синдикатот на оваа компанија. Декемвриската и јануарската плата железничарите сеуште ја немаат добиено, а трансформацијата на „Македонски железници“ не е ни започната.


„Комплетна блокада има на целокупниот сообраќај. Менаџерскиот тим, односно владата, вчера попладне не свикаа на состанок без конкретни предлози и без можност да изнајдеме решение, затоа денеска остануваме при ставот штрајкот да биде со целосен прекин“.

Ќе сторимее што можеме, но во моментов очигледно немаме голем маневарски простор да интервенираме, е ставот на владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

„Тоа е јавно претпријатие коешто работи со големи финансиски загуби. За жал и новиот директор не покажа способност за излегување од таа криза, поради што досега владата во неколку наврати им даваше плата“.

На инсистирањето на владата железничарите да го обезбедат потребниот законски минимум на одвивање на меѓународниот сообраЌај синдикатот одговара.

„Владата да обезбеди минимална исплата на плати согласно со законските прописи, за ние да можеме да имаме социјална сигурност и да гарантираме безбедно одвивање на сообраќајот“.

синдикатот на железничарите тврди, доколку владата на „Макпертол“ му наложи нафтата за државните резерви да ја транспортира со нашите вагони тие ќе обезбедиме средсва за неисплстените плати. Владиниот портпарол Чолаковски одговара зошто тоа досега не е сторено.

„Не ја знам вистинската приказна за тоа зошто „Макпетрол“ не транспортира нафта преку железница, веројатно за тоа ќе треба да прашате колку во железница му должат на „Макпетрол“ и зошто железница бараше тие пари да бидат исплатени директно во кеш“.

И покрај интензивните преговори со владините преставници досега решение за исполнување на барањата на железничарите не е изнајдено.

„Штрајкот ќе трае додека не се исполнат основните барања на синдикалците,“

e ставот на Тони Ѓурески председател на синдикатот на железничарите.
XS
SM
MD
LG