Достапни линкови

Ахмети бара легализација


ДУИ го актуализира прашањето за легализација на Мало Речанскиот Универзитет, проблем кој во македонија се провлекув речиси 10 години. За прв пат лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно побара негово легализирање. Ова негово барање произлезе по средбата со ректорот на Рамиз Абдули.

„Тетовкиот Универзитет е дел од албнската историја и ние ќе преземме се што е можно за да оваа историја конечно се материјализира и заживее . Мислам дека сите албанци се за легализација на Тетовскиот Универзитет и не верувам дека ќе имаме недоразбирањ и спротивставувања меѓсебе,“

изјави Ахмети кој додаде

„Ние сме партија која е дел од Владата и ќе го употребиме целиот наш авторитет незадоволствата околу оваа прашање да се надминат бидејќи Албанците заслужуваат да имат свој Универзитет односно Тетовскиот да се легализира,“

вели лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Што се однеува за ова сеуште отворено прашање ставот на премиерот Бранко Црвенковски е дека проблемот со малоречанкиот универзитет повеќе е политички отколку образовен. Тој вели донесен е закон за високото образование и секој има право да побара акредидатција со што ќе добие легален статус

„Што треба да се направи? Треба да се направи апликација за акредитација во којашто ќе се наведе дека постојат доволен број на професори, дека се исполнети просторните и техничките услови, и ако сето тоа е во ред, Одборот за акредитација ќе ја регистрира таа високообразовна институција“.

Но сепак тоа не значи дека со ваквото решение малоречанскиот униврзитет би го добил статусот на државен како што бараат Албанците туку би бил слиен со Штуловиот кој се финансира пред се од меѓународни донации.
XS
SM
MD
LG