Достапни линкови

Безбедносната состојба во Македонија е под контрола


Безбедносната состојба во Македонија е под контрола, а АРМ и МВР се подготвени да се справат со заканите – изјави претседателот Борис Трајковски по денешниот состанок со безбедносните структури на кој е потврдено дека на подрачјата на северната граница има вооружени групи.

„Проценките на Армијата се дека безбедносната состојба во Република Македонија е релативно стабилна, иако располагаме со информации за раздвиженоста на одредени екстремистички вооружени групи, особено на подрачјето околу границата. Од друга страна, би сакал да кажам дека Армијата на Република Македонија, заедно со Министерството за внатрешни работи ги следат будно состојбите на теренот и во една координирана и потесна сортаботка, тие се подготвени да се справат со било каков вид на претпоставена закана. Сметам дека граѓаните на Македонија не треба да стравуваат од било каква ескалација на каков и да е вид на насилства, бидејќи АРМ и МВР ги контролираат состојбите и подготвени се да преземат каква и да е мерка, заедно со меѓународната заедница. Од страна на Генералштабот ние бевме запознати со динамиката и планот на претсруктуирање на Армијата на Република Македонија, при што беше оценето дека борбената готовност на АРМ е на рамништето на тие задачи коишто и се поставени пред самата армија“.
XS
SM
MD
LG