Достапни линкови

САД за конечно решавање на кризата, Франција за интензивирање на инспекцијата


Во Советот за Безбедност на Обединетите Нации денеска се очекува уште еден од серијата брифинзи на главните инспектори за оружје во Ирак Ханс Бликс и Мухамед Ел Барадеј. Вашингтон притиска на финално решение за ирачката криза додека Париз за интензивирање на инспекцијата.

Ханс Бликс и Мухамед Ел Барадеј денеска во Њујорк ќе го поднесат клучниот извештај за ирачката подготвеност за соработка во Советот за Безбедност поделен меѓу заканата со војна или интензивирање на инспекцијата за ирачкото оружје за масовно уништување. Шефот на тимот инспектори на Светската Организација Бликс ги поздрави намерите на Багдад да дозволи летови на разузнавачките У2 авиони, како и приватни разговори со научниците. Меѓутоа Блиск побара Ирак да понуди цврсти докази дека е елиминирано оружјето за масовно уништување. Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој пред десет дена презентираше докази за ирачкото оружје, пред денешниот состанок изјави.

„Се надевам дека во денот што ни престои ќе бидеме способни да и се вратиме на резолуцијата на Обединетите Нации и на друга резолуција што би била неопходна за да се задоволат политичките потреби на земјите.“

Американските ставови може да биде уште повеќе потврден од меѓунардната група експерти која потврди дека Ирак тестирал ракети со дострел поголем од дозволениот 150 километри, но и ова е тема на денешниот состанок во Њујорк. Франција неделава изнесе предлог за зголемување на инспекцијата во Ирак, што за Соединетите Држави не е ефективно. Шпанија е една од земјите која отворено го подржуваат тврдиот американски став во врска со Ирак. Шпанскиот амбасадор во Обединетите Нации Иноценцио Ариас изјави дека бројот на инспекторите нема да придонесе за кооперативноста на ирачката влада.

„Ние можеме да испратеиме и само две десетини инспектори и ако Ирак искрено соработува, според резолуцијата 1441, се може да биде решено.“

Ариас не е оптимист дека Ирак ќе соработува. За разлика од него кинескиот амбасадор Ванг Јингфан го подржува францускиот предлог. Тој вели дека во Советот мора да бидат надминати разликите.

„Наша одговорност во Обединетите Нации е да го решиме проблемот со консензус и доколку сакаме ова тело да биде помоќно потребно ни е единство.“

Зад францускиот предлог за продолжување и проширување на инспекцијата во Ирак стојат и Германија и Русија.
XS
SM
MD
LG