Достапни линкови

Уште една криза на алијансата


НАТО е во неред, поделен околу прашањето како да се конфротира со Ирак. Неделава се зборува главно за кризата во Алијансата. Американскиот државен секретар Колин Пауел дури вели дека во прашање е и иднината на НАТО. Но, иако јазот можеби е најголем во последниве години, тој секако не е и првиот.

Илјадници европејци маршираат за мир. Плановите на НАТО разместувањето трпат жестоки дебати. Германската лојалност спрема Алијансата е доведена под прашалник. И, американскиот претседател во европските главни градови се исмејува како кавгаџиски идиот. Ви звучи познато? Станува збор за моменталната поделеност на НАТО како да одговори на заканите од Ирак и за европското јавно мислење против тврдата линија на американскиот претседател Џорџ Буш спрема Багдад. Но, исто така сето ова може да ја отслика и ситуацијата во раните осудесети годи од минатиот век кога масовните протести им се закануваа на плановите на НАТО да размести крстосувачки ракети од типот Першинг Два во Европа и го доведоа во опасност кредибилитетот на Алијансата во еден од најкритичните моменти на Студената Војна. Сегашните несогласувања околу Ирак не се првите што го потресуваат НАТО, но можеби се најжестоки од ракетната криза во осудесетите години. Алијансата имаше и други недоразбирања во текот на своето пеесет и три годишно постоење. Инго Петерс – извршен директор на Центарот за Трансатлантска хадворешна и безбедносна политика на Берлинскиот Универзитет вели:
„Целата историја на Алијансата би можело да биде напишана или кажана како еден вид историја на кризи. Но, секако, секоја криза беше различна.“

Постојат повеќе аргументи за ова тврдење на Петерс. Во 1986 година Париз одби да им дозволи на американските авиони да го користат францускиот воздушен простор на нивниот пат да ја бомбордираат Либија како одговор на бомбашкиот напад врз еден диско клуб во Германија во кој загинаа двајца американци. Франција, исто така, стави вето на многу цели за време на НАТО нападите врз Југославија во 1999 година, што предизвика разочарување кај американците. Но, можеби една од најжестоките кризи беше онаа кога Франција се повлече од заедничките воени структури на НАТО со што Алијансата беше принудена да го премести своето седиште од Париз во Брисел. Тогашниот француски претседател Шарл де Гол веруваше дека НАТО е премногу под американска контрола и сакаше да ја афирмира француската независност во воените и нуклерани работи. Бруно Тертрaиз од Фрнцуската Фондација за стратегиски истражувања наведува:

„Де Гол во тоа време мислеше - прво, дека воената интеграција не е оправдана како во минатото и второ – дека воената интеграција е пат за Соединетите Држави да го задржат извесниот степен на контрола врз дипломатиите на членките во Алијансата.“

И покрај тоа Франција остана политички член на НАТО.

„Не можам да се сетам на некоја криза од формирањето на Алијансата во 1949 година досега каде што се дојде на точка за нејзино распаѓање. Ние сите имаме тенденција на претерување за важноста на ваквите кризи, поради нашата неспособност да ги ставиме работите во историските услови. Но, ни една земја досега не се повлече од Алијансата.“

вели Бруно Тертрaиз кој додава дека се уште не време за пишување некролози за НАТО.
XS
SM
MD
LG