Достапни линкови

Решителна акција


Министерот за Одбрана Владо Бучковски во Приштиина ќе се сретне со преставници на КФОР и цивилната Администрација на УНМИК при што ќе разговара за актуелнатае состојба во територијата на Косово и можното продлабочување на соработката меѓу Македонија и меѓународните власти на Косово во безбедносен план.

„Затоа владата е решена да има агресивна политика и со политички, дипломатски, но не е исклучено и со воени средства, да се справи со евентуалните провокации“.

Посетата на Бучковски во Приштина доаѓа по минатонеделната средба во Јужна Србија со вицепремиерот Небојша Чович на која главна тема беше појавата на вооружени групи како во јужниот дел на Србија така и во Македонија.
Нема ников политички мотив за нарушување на безбедносната состојба во земјава е ставот на Министерот за Одбрана Владо Бучковски кој посочува дека имплементацијата на Рамковниот договор сака да се искористи за можна дестабилизација

Бучковски вели групите се лоцирани

„Лоцирани се групите, кои наликуваат на оние качачки групи кои по 1945-тата година ги бркале шест-седум години по планините. Ќе си имаме проблем ние реално, не само оваа година, веројатно и идната, додека не ги совладаме сите оние кои бараат, но според нашите информации немаат политичка поддршка. Веројатно тие се дел на националното крило од Фронтот за национално обединување на Албанците. Военото крило е АНА и не само што има веб-сајт, туку се појавуваат личности кои се претставуваат како команданти на таа АНА. Во секој случај, имајќи го и горкото искуство од 2001 година, не очекувам да дојде до дестабилизација од такви размери какви што имавме во 2001 година“.

Премиерот Црвенковски вели:

„Мора да бидеме претпазливи. Опасноста постои. Не е точно ако некој каже дека тоа се криминални банди, дека го потценува проблемот. Демек, не рекол дека тоа се екстремисти или терористи. Бидејќи, во даденава ситуација апсолутно не постои црвена линија меѓу тоа што е криминал, а што е екстремизам. Тоа е се испреплетено. За мене клучно е прашањето дали доминантното, мнозинско население во тие региони ќе даде или нема да даде поддршка за таквите структури. Или, дали ќе оправда акција на државните институции кога ќе дојде момент со нив да се справат“.

Меѓунариодната заедница во земјава со став секогаш има потнцијал за нешто поголемо, но не гледаме дека тоа ќе прерасне во нешто што ќе биде од голем
размер. Состојбата е мошне стабилна и тивка, иако од време навреме е кревка
велат од НАТО. Додека американскиот амбасадор во земјава Лоренс Батлер вели

„Оние кои минатата година немаа успешна пролетна офанзива, нема да ја имаат ниту годинава“.

изјави Батлер.
XS
SM
MD
LG