Достапни линкови

За сега шпекулации што не може да се потврдат


Информациите за можното американско вето на доаѓањето на евросилите во Македонија како одговор на европското спротивставување на американската политика кон Ирак засега во седиштето на НАТО го имаат статусот на гласини што не можат да се потврдат. Подготовките за преземањето на мисијата на НАТО во Македонија од страна на Европската Унија одат добро без какви и да е потешкотии, велат во седиштето на Алијансата со проценка дека во март се ќе биде готово. Последниот чин е прогласувањето на сегашната мисија „Сојузничка хармонија“ за завршена од страна на земјите членки на НАТО, меѓу кои се и соединетите држави, и тие то ќе го сторат откако ќе финализираат подготовките на сите технички детаљи. Со сличен став се јавува и канцеларијата на специјалниот европски пратеник во Македонија Алексис Брунс. Портпаролката Ирена Ѓузелова вели:

„Блискиот Исток е една а Балканот сосема друга работа. Очигледно е дека постои големо недоразбирање за политиката околу Ирак но за Балканот постои општоприфатен договор на меѓународната заедница за тоа како треба да се продолжи во овој регион. Подготовките за преземањето на мисијата на НАТО се во тек и Алијансата веќе се согласи да назначи свој командант за шеф на новата европска воена мисија во Македонија,“

вели Ѓузелова. Во меѓувреме македонскиот државен врв смета дека можното американско вето за евросилите се само шпекулации. Министерката Митрева изјави:

„Па, јас мислам дека на шпекулации не би требало да дадам одговор.“

Подготвувањето на правната рамка за доаѓањето на евросилите сеуште се во најава. Имено, надлежните експерски тимови на Македонија и Европската Унија

„треба да се сретнат кон крајот на оваа недела, и во почетокот на идната, за да го детерминираат финалниот текст“.

изјави министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Во меѓувреме македоскиот државен врв својата политика во дебатата околу Ирак ја заснива врз резолуцијата 1441 на Обединетите Нации но и врз признавањето на валидноста на американските докази за ирачко поседување на оружје за масовно уништување врз кои Вашингтон ја гради аргументацијата за војна против Ирак. Доколку сите можни политички и дипломатски средства бидат исцрпени, а од нас биде побарано учество:

„тоа ќе претставува една нова политичка ситуација за којашто ќе одлучува владата и државниот врв на Република Македонија,“

рече Митрева.
XS
SM
MD
LG