Достапни линкови

Проширувањето на моќта е легитимно, но Синодот треба да биде претпазлив


Во сите православни земји црквата има големо влијание и сосема е легитимно таа да ја прошира својата моќ. Но, заедно со ова оди и одговорноста во делувањето на МПЦ оценуа директор на институот Евро Балкан професорот Јован Донев, коментирајќи ја улогота на МПЦ во политикита, односно треба ли МПЦ да се занимава со политички прашања .

„Влијанието на црквите е големо и тоа не треба да се занемарува како прашање. Тие не можат директно да влијаат на политичката клима и безбедноста, меѓутоа, можат да влијаат врз општата клима во рамките на една држава, посебно во Македонија. Во тој случај Светиот динод на МПЦ треба да биде доволно свесен за позицијата што ја има и како таа би се балансирала во однос на вкупната клима во државатач да е свесен дека во Македонија, освен македонскиот етнос постојат и други етноси“.

За разлика од другите вери Православието односно Црквата во посторите на поранешната Отоманска Империја играла поголема улога вели Донев

„Се што не е православно, многу тешко корпусот, етносот го прифаќа како составен дел. Земете ја положбата на Македонците муслимани во Македонија. Ние цело говориме дека тие се Македонци, но, условно речено, тие се маргинализираниот дел од македонската заедница. Тоа е резултат токму на влијанието што црквата го имала во процесот на формирањето на нацијата и тоа влијание е присутно и денеска“.

Друг проблем во Mакедонија е тоа што населението е поделена по религиска основа и токму затоа Светиот Синод на МПЦ треба да биде претпазлива е ставот на професорот Јован Донев

„Ако се нападне православен манастир или црква, тоа не се прави од воено-стратешко значење. Тоа најчесто се прави за да се понижи и навреди противникот. Истото се случи и со палењето на џамијата во Битола. Тоа се делови од војните со кои се сака да се генерализира непријателот и работата да се префрли на религиска основа, да се врати во минатото. Тоа е големата опасност во позицијата на нашата црква“.
XS
SM
MD
LG