Достапни линкови

Барање за исплата на заостанатите плати и решавање на статусот на рудникот


Рударите од рудникот за олово и цинк за кој се води стечајна постапка бараат владата да донесе одлуки според кои ке бидат решени нивните клучни барања - исплата на заостанатите плати и на опремнината во еднократен износ како и брзо водење на стечајната посотапка и квалитетно решавање на статусот на рудникот.

„Конечно на некој во Македонија треба да му биде јасно дека ние имаме 1.500 вработени кои шест месеци се без плата и без парче леб. И немаме никаков статус: ниту сме под стечај, ниту имаме стечаен управник, немаме од што да живееме“.

изјави преседателот на синдикатот на металците и на енергетичарите Пеце Ристевски

„Генерално проблемот не е решен и затоа сега бараме прием на повисоко ниво, односно средба со премиерот“.

вели Слободан Петров претседател на синдикатот на рудниците за олово и цинк. Протестот на рударите пред зградата на владата се одвива паралелно со седница на владата, па оттука нема најава оти во текот на денот може да дојде до средбата што тие ја бараат.

Во тој случај преседателот на синдикатот вели оти рударите ке бидат принудени своите барања да се обидат да ги остваруваат по пат на граѓанска непослушнсот.

„На пример, штрајк во јама. Тоа е неблагодарно, но очигледно е дека ќе биде изнудена мерка. Потоа блокади на институции, локални патишта итн.“.

Генерална причина за незадоволството на рударите што од ветувањето на мнситерството за еконимија дека за два месеца да биде распишан тендер за продажба на рудниците и дека стратегискиот партнер веданаш ќе го рестартира произвоството досега ништо не е сторено.

Инаку, овој рудник влегува во групата на 24-те загубари чиј што статус останува како обвска на владата за нивно решавање во текот на оваа година. Рудникот беше затворен пред 5 мсеци бидејки работеше со големи загуби.

Бидејќи овие барања се досатвени до владата во изминатиот период, а одговор нема. Досега имаше средби со министерот Илија Филиповски.
XS
SM
MD
LG