Достапни линкови

Граѓаните негодуваат, според експертите добро сме поминале


Зголемувањето на даночната стапка како резултат на постигнатиот аранжман со Меѓународниот монетарен фонд е всушност најмалата и најниска цена што можевме да ја платиме во овие преговори оценува некогашен министер и доктрор по економија Абдулменаф Беџети. Иако признава дека зголемувањето на даноците ќе представува фискална пресија на граѓаните и дека посиромашните слоеви ќе бидат повеќе погодени

„Тоа е најмалата цена што сме требале да ја платиме“

Беџети смета ММФ во дијалогот со Македонија всушност покажа толерантност

„Аранжманот повеќе претставува политичка отстапка на заедницата, бидејќи ако се гледаше по економските параметри, аранжманот не ќе можеше да се склучи. Меѓутоа, тоа е една добра политичка волја, да се даде шанса да можат да се користат средствата од донаторската конференција“.

Освен шансата да ги користи средствата од донаторската конференција овој аранжман има и други предности:

„Првата е дека Македонија по три години се враќа во рамката што се нарекува макроекономска рамнотежа со аранжманите со ММФ, што истовремено претставува и голем предизвик и атрактивност за странските инвеститори. Од друга страна, гледајќи краткорочно, придобивка е тоа што може да се зачува макроекономската политика што се наоѓа на стаклени нозе“.

оцени Беџети.

Но, наспроти ова реакцијата на луѓето на најавите за поскапувања речиси е едногласна:

„Па, тешко, многу тешко. Многу народ остана на улица и се мислеше дека со новата влада ќе дојде до покачување на стандардот. Мислам дека најновите поскапувања не се во ред“

„Не е убаво да се покачуваат цените. Луѓето немаат пари, немаат средства за живот. Подобро не може да биде, може да биде само полошо“.

„Сега ова што се случува со зголемувањето на ДДВ ќе биде катастрофално за македонските граѓани. Сметам дека ако проодолжат вака, немаат иднина“.
XS
SM
MD
LG