Достапни линкови

ДДВ се намалува на 18 насто, повластена даночна стапка само за храна


Во името на стенд бај аранжманот граѓаните во иднина ќе плаќаат повисока цена на струјата водата, парното, лековите и тоа за цели 13%. Ист ќе биде случајот кога некој од граѓаните ќе се одлучи да си го реше и станбеното прашање. Ако е за утеха единствено горната стапка од 19 ќе се намали на 18 %.


„Се што е храна ќе биде на оваа стапка, останатото ќе помине на 18 насто,“

вели министерот за финансии Петар Гошев. Шефот на мисијата на ММФ за Македонија Франек Розвадовски со убедување, потпишавме аранжман кој и ветува светла иднина на Макеоднија.

„Мислам дека перспективата што вас ве очекува е добра. Програмата создава добра основа за продолжување на порастот и преставува излез од макроекономската нерамнотежа, а тоа пак создава перспектива за финансиска стабилност и развој.“

Од изгласувањето на законот за загубарите на што инсистрапе синдикатот ќе нема ништо, додека бранковиот закон доби зелено светло од ММФ преговарачите, но со одредени модификации каде придонесите за пензиско и инвлаидско осигурување би се плаќале единствено за вработување на лицата од фиримите загубари.

„Во период од 24 месеци, луѓето од овие претпријатија ќе може да бидат приоритет
за вработување од фирми, на коишто придонесите ќе им бидат рефундирани назад,“


е ставот на министерот за финансии Петар Гошев.

Гувернерот на Народната Банка Љубе Трпевски со ветување, со потпишувањето на „стенд-бај“ аранжманот комерцијалните банки ќе имаат можност за пласирање на банкарски кредити во поголем обем со пониски каматни стапки.

„Кредитите што банките можат да ги одобрат ќе изнесуваат 4,6 милијарди денари и тоа ќе придонесе за постигнување на развојот. Монетарната политика ќе се движи во насока на намалување на каматните стапки.“

Потпишаниот „стенд-бај“ аранжман од бордот на директори на ММФ во Вашингтон се очекува да добие зелено светло кон средината на април. Ваквото верификување ќе значи и одобрување на 26 милиони американски долари со кои би се пополнила платно билансната дупка која постои во буџетот. Со одобрувањето на „стенд-бај“ аранжманот се отвараат вратите за влез на веќе одобрените а сеуште не повлечени околу 200 милиони долари од донаторската конференција во Брисел.
XS
SM
MD
LG